Сѐ помалку си помагаме во неволја (фото)

Улиците и сообраќајот ни стануваат испусен вентил за проблемите од секојдневието.Се поретко има совесни граѓани, кои помагаат кога некој е во неволја.

Очигледно некој зад себе ја остава хуманоста и свеста да се помогне на оној што е во неволја. Денешниот дожд предизивика сообраќајна несреќа каде младо момче се излизга со својот мотор на улица.Од фотографијата објавена на Фејсбук страната Ѕид на сообраќајниот срам може да се забележи како момчето лежи, а луѓето кои се во близина не му помагаат.

Вакви слики на луѓе во безизлезна состојба ни се повторуваше речиси со секој поголем дожд, а исто така се позабележливо беше и себичното однесување на граѓаните што само набљудува како некој е во неволја.