Сив облак лежи над Скопје: Што ли дишиме?

На социјалните мрежи секојдневно почнаа да се објавуваат фотографии од граѓаните на кои се гледа загаденоста на воздухот во главниот  град. 

Сив облак налик на некоја прекривка буквално лежи над скопската котлина уште рано наутро. Што се случува во текот на денот кога ќе почнат со работа фабриките, разно разните погони и сообраќајниот метеж може само да се претпостави. 

Со оглед на тоа дека зимата е пред нас а тогаш загадувањето кулминира повеќе од јасно е што не очекува.