Сите заслужуваат да бидат сакани, но никој не треба да моли за љубов

Некогаш изгледа толку лесно и едноставно, си велиме само да сакаме и ќе биде лесно. Решаваме да сме храбри и ранливи. Ако бидеме искрени, ако дадеме се од себе. Но, некогаш не оди така.

Понекогаш можеме да сакаме некој со сето она што го имаме, и пак да грешиме. Нешто не е како што треба. 

Ја прифаќате шансата во животот, решавате да сакате некого, но на другата страна има игри, несигурност, непостојано однесување. Не сте должни да го трпите тоа. Не можете да сакате за двајца.  Никогаш не можете да бидете сакани на истиот начин на кој што сакате и тоа треба да го знаете, но заслужувате љубов и почит. Заслужувате да верувате во љубовта, таа да е пријатна и топла. 

Не можете никого да натерате да ве сака. Не можете никого да натерате да чувствува нешто за вас. Не можете да форсирате нешто што не постои. 

Сите заслужуваме да бидеме сакани, но некогаш љубовта не доаѓа туку така преку ноќ, бидејќи ние сакаме така. Не молете за љубов. Никој не го заслужува тоа.