Сите вртат спинери: Дистракција или корист?

Хенд-спинери се новите клик-клак. Името на играчката на англиски fidget spinner во слободен превод значи „вртач против нервоза“, оваа играчка го смируваат умот, го намалуваат стресот.

Покрај децата овој „вртач против нервоза“, го користат и возрасните за смирување.

Хенд-спинерите може да се купи во продавниците за детски играчки или пак по пазарите, нејзината цена е 200 денари.Продавачите често пати го нагласуваат терапевтскиот ефект, со објаснување дека на луѓето со АДХД (нарушување на вниманието), аутизам или луѓето со анксиозност може да им помогне полесно да се сконцентрираат и да го намалат стресот. Сепак, психолозите во оваа теорија и не се баш многу уверени.

Користењето на ротирачка играчка е поголема дистракција отколку корист за индивидуалците кои патат од АДХД.

„Со оглед на тоа што станува збор за дистракција, повеќе не ги дозволуваме во училиштата. Ако ученикот ја донесе играчката на училиште, му ја одземаме или ја задржуваме во нас до крајот на часовите“, вели Џон Мекдоналд, помошник-директор на основното училиште Делано во Минесота.

Професорот Џоел Вестејмер не го дели негативното мислење за фиџет спинер, туку смета дека оваа играчка може позитивно да влијае врз вниманието на децата. Сепак, вели дека играчката не би требало да се користи за време на наставата.

Без разлика дали има терапевтска корист или не, едно е сигурно - голема корист од неа ќе имаат учениците ако им се објасни физиката позади нејзиното движење.