Сите во кајак утре во Градски парк

Утре во 10, во Градскиот парк во Скопје, на езерцето во првиот дел на паркот ќе започне проектот „Сите во кајак“. Настанот има за цел да им овозможи на преку 3 000 деца да се запознаат и опробаат во овој спорт. Во понатамошната фаза, проектот ќе се реализира на повеќе локации низ земјава.

Иницијатори на кампањата се Кајакарската федерација на Македонија и Кајак/Кану клубот „Илинден“ кои гледаат перспектива во градењето на база на спортисти кои се занимаваат со оваа олимписка дисциплина. Првиот настан ќе се одржи во Скопје, а во текот на летото ќе се пресели и во Охрид, Струга, Маврово, Ресен, Дебар, Кочани, Штип и Велес.

За утрешниот настан кој ќе трае од 10 до 13 часот, обезбедена е комплетна соодветна опрема, како и тим од професионални тренери.
Сите заинтересирани, должни се да го пријават своето учество во акцијата „Сите во кајак“ преку пополнување на апликација на www.sitevokajak.mk или телефонски на 070/277-552.