Сите се жалат дека немаат пари, а бесни коли се возат по македонските улици

Времето како оди напред така се менува и возниот парк кај Македонците. Во минатото на улиците се забележувале повеќе луѓе, а помалку автомобили, но денеска сликата е многу поразлична.

Во Македонија речиси и да не постои семејство кое нема свој автомобил, а некаде и секој член од семејството си има свој сопствен.

Македонците постојано се жалат дека врзуваат крај со крај. Дека платите се мали и дека не стигаат дури и за најосновните работи, а не пак за луксузирање.

Како тогаш бесните и брзите коли се една постојана слика по нашите улици? Автомобил на кредит, или во странство со цел да им покажеш на другите дека си помоќен од нив? По неколку илјади евра се дава за еден автомобил.

Печалбарите кои за летните одмори доаѓаат во земјава, се најголеми сторители на сообраќајни несреќи бидејќи не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Надлежните велат дека едноставно тие не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Имаат моќни и скапи автомобили и со цел да покажат престиж пред другите граѓани и да се истакнат, тие возат брзо, не почитуваат знаци, ги стартуваат возилата на семафори.

Градските улици се најризични за печалбарите оти возат пребрзо и тука и ги прават најголем дел од несреќите.