Сите сакаме да слушаме убави зборови, но колку често самите ги изговараме?

Уште од мали нозе ни велеа да ги користиме магичните зборови: Молам, благодарам и извини. Нивното влијание тогаш беше огромно, затоа што можевме да добиеме награда за секој убав збор. Без оглед на тоа дали се работеше за колаче, пофалба или подолго останување надвор. Но, што е работата денес со овие прашања? Моќта на благодарноста некаде по пат исчезна, затоа што почнавме да ги подразбираме луѓето, услугите и работите.

Сите имаме важни и драги личности во нашите животи. Оние кои не поддржувале, биле покрај нас во тешките моменти, поеднакво како и во убавите моменти. Зошто заборавивме да се заблагодаруваме. Изгледа дека понекогаш на луѓето најтешко им е да се заблагодарат и да побараат прошка.

Како никогаш досега има социјални мрежи, а се помалку социјализирање, она вистинско и емоционално. Премногу лесно доживуваме се и мислиме дека ќе имаме време. Ќе кажеме утре, идната година, кога ќе дојде вистинскиот момент и прилика. А фактот дека приликите се создаваат секој ден, а моментите се проживуваат. Вам ви останува да делувате во склад со тоа.

Луѓето умираат, сакале да го признаеме тоа или не.

Луѓето патуваат, се селат, неповратно си одат.

Луѓето имаат гордост и не опростуваат се и на секого.

Затоа немојте да мислите дека вечно ќе чекаат да ви текне на златните заборавени зборови: Благодарам, молам и извини. Кажете им го тоа денес.