Сите познаваме една таква жена: Таа има огромна насмевка на лицето и тогаш кога и е најтешко

Сите имаме по една таква жена околу нас. Таа е онаа која се смее и покрај солзите, и покрај болките и несреќите со кои некогаш се соочила. Таа е онаа која страда, но не го покажува тоа пред светот.

Никој од нас не е имун на болка и несреќа, но оваа жена во себе наоѓа голема сила да се смее и радува на животот  и тогаш кога не и е добро.

Таа е ранлива и силна. Поминала толку многу препреки што веќе не ги ни брои. Ги видела сите видови на темнина. Таа верува во животот и знае дека покрај дождот доаѓа сонце.

Нејзиното срце било скршено, таа била предадена од најблиските, оние на кои највеќе им верувала, животот не бил секогаш фин и добар кон неа, но таа е жива, и се уште се смее, се уште се радува на малите нешта. Таа никогаш не се жали, не се самосожалува, ја носи својата болка во себе и живее за подобро утре. Тивко се соочува со тоа што и го носи животот, но избира да гледа на светлата страна на животот. Таа е онаа која има широка насмевка на лицето и која ги охрабрува другите да се среќни и во оние денови кога не може да најде ни ронка среќа во себе.

Оваа жена има огромна сила. Таа минува низ тешките времиња со гордост и сила во себе, а потоа ги слави убавите денови со уште поголема насмевка на лицето. Таа знае каков е животот и никогаш не очекува премногу, а кога животот ќе и даде причина за среќа, таа е тука да наздрави за тоа. За себе и за другите околу неа.

Сите познаваме една таква жена.