Сите ние сме трговци...

Денес луѓето многу лесно се продаваат. 

Некои се продаваат за лајкови и популарност.
Други заради подобра работа или за да напредуваат онаму каде што се. 

Денес луѓето се продаваат и тоа секојдневно. 

Некои сакаат слава, сакаат сите да го знаат нивното лице.
Тие сакаат титули со кои наоколу ќе мавтаат, мислејќи дека се подобри од другите. 

И така тие се продават, од ден на ден, сѐ повеќе и повеќе.

Некои се продаваат за да пронајдат партнер, некои за пари и стан, или нешто материјално.

Се продаваме со тоа што се прилагодуваме, се замолчуваме себеси и ја следиме масата. 

Следејќи ги другите, без воопшто да се запрашаме како би било кога би добиле нешто за возврат. 

Зарем не ви е доста од продавање, драги мои луѓе?