Сите мислат дека сум најсилната личност што ја познаваат, но грешат

 

Тука сум секогаш за сите мои пријатели. Тие би рекле дека сум силна, можам секому да се спротиставам, можат да се борам со светот, со сите. Секогаш сум насмеана, секогаш весела, секогаш подготвена да го направам тоа што им е потребно на другите.

Често, зборувајќи за себе не ни помислуваат дека можеби и јас имам проблеми. Често пати ми имаат кажано „Лесно ти е тебе, ти си силна”.

Но, не сум. Вооопшто не сум. И јас имам лоши денови, и јас плачам често и јас се соочуваам со проблеми.

Често светот е толку тежок и ми изгледа како да го носам на рамења. Претежок. Би сакала и мене некогаш да ме прашаат како сум, да ме слушнат што имам да кажам, да сфатат дека и јас сум иста как нив, кревка и кршлива по секој кажан груб збор или лошо дело.

Јас не сум посебна. Иста сум како и другите.

Само од петни жили се трудам во себе да ја најдам силата и да им помогнам на другите да туркаат напред, да рушат ѕидови и да качуваат планини за да го постигнат тоа што го сакаат.

Сама сум. Се прашувам дали еден ден кога ќе ме нема ќе им недостасувам, дали тоа што сум силна сега ќе вреди некогаш кога мене ќе ме нема. Го знам одговорот. Мислам дека никој нема да се сети на мене кога веќе нема да бидам дел од овој свет. Сакам да бидам посебична некогаш. Да не се грижам толку за другите. Да помислам малку и на себе. Но, не можам. Таква сум создадена.

Сакам и на другите да им текне на мене некогаш.

new nike air max 2019