Сите го сакаат Скопје: Аеродром најпосакувана општина за провинцијата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија на крајот на 2016 година бројот на жители изнесувал 2.073.702. Најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6 проценти се деца до 14 години, и 13,1 отсто се возрасни над 65 години.

Како резултат на намалувањето на стапката на наталитетот и на зголемувањето на стапката на општиот морталитет, стапката на природниот прираст изнесува 1,2 отсто (на илјада жители) во 2016 година.

Густината на населението изнесува 80,6 жители на километар квадратен. Во 2016 година, во Република Македонија, 8.887 лица ги промениле местото и адресата на своето живеење, а салдото на надворешните миграции изнесува 2.144 лица.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2016 година, вкупниот број лица што мигрирале од рурална во урбана средина се зголемил за 12,6 отсто во однос на претходната година.

Трендот на зголемување на миграцијата од која било средина во урбана се зголемува и во минатата година, а особено во главниот град Скопје, каде што се доселиле речиси половината од мигрираните.

Инаку, според анкетите на ДЗС, дури 48,8 отсто од мигрираните изјавиле дека се преселиле заради склучување брак, 28 отсто од семејни причини, 7,9 отсто заради вработување, а само 0,8 отсто како причина за иселувањето го навеле образованието.

– Меѓутоа, гледано по региони, дистрибуцијата на населението покажува изразита несразмерност, т.е. 30 отсто од вкупното население живеат во скопскиот регион, со густина на населеност од 344 жители на квадратен километар. По него следува полошкиот регион со 15,5 отсто од вкупното население, односно 133 жители на квадратен километар, додека вардарскиот регион, каде што се концентрирани 7,4 отсто од населението, има најмала густина на населеност, од 38 жители на квадратен километар – информира ДЗС.

Ваквите несразмерни демографски промени носат опасност од целосно опустошување одредени делови од нашата земја, процес што е веќе започнат и кој најдобро може да се забележи доколку се прошета низ македонските села. Имено, ретки стануваат селата каде што може да се видат млади, а уште поретки селата каде што може да се чуе детски џагор. Всушност, од географската карта на Македонија во иднина би можеле да се избришат најмалку стотина села во кои веќе со децении не живее никој.

Скопје најголем и најбрзорастечки град во Македонија

Скопје како главен и најголем град во Македонија претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар во земјата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42,9 проценти, додека најмало учество има Североисточниот регион со 5,2 отсто. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.3, Југоисточниот регион со индекс 116.9, Вардарскиот регион со индекс 108.0.

Ако во 1914 во Скопје живееле само 47.384 жители (во скопската околина 51.364 жители), со пописот во 2002 година беа изброени 506.926 жители. Со оглед на тоа дека попис на населението не е направен 14 години, а градот забрзано расте, се претпоставува дека сега бројот на жители е многу поголем од оној во 2002 година.

Според новата територијална организација и припојување на општините Сарај и Кондово, градот Скопје има 668.518 жители, каде околу 15 проценти од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на општина Сарај. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според проценките на МАТСТАТ, Градот Скопје има 811.045 жители во 2015 година.

Во периодот помеѓу 2010 и 2015 година 7.613 граѓани кои претходно живееле во општина надвор од рамките на град Скопје се преселиле во една од десетте општини која припаѓа на градот.  Притоа, најголем број, или 1.483 граѓани се доселиле во општина Аеродром. По нив следуваат 1.198 граѓани кои се населиле во општина Карпош и 1.135 во општина Кисела Вода. Најнеатрактивна општина за жителите кои доаѓаат надвор од Скопје во разгледуваниот период е општината Шуто Оризари, каде се доселиле само 129 граѓани.

Општина Аеродром (2009)

Општина Аеродром (2017)

Скопје и околината се најсоодветен пример во Македонија. Многу често ги слушаме експертите како велат дека Скопје е град проектиран за население до  350 илјади, дека нема инфраструктура да одговори на големиот број жители, дека забрано се гради  и дека властите несоодветно одговараат на проблемите. Скопје, како и повеќето модерни градови, несоодветно го  трансофрмира своето економско и социјално значење во политички аспект. Тоа во иднина се очекува да се промени.

Градот Скопје изработува проекти и планови за иднината

Градот Скопје има капацитет и мора да биде бродоносец на еколошките, социјални, културни и инфрастуктурни норми во однос на останатите општини. Но, не е доволно само изработка на стретегии и планови, туку и нивна целосна и соодветна имплементација.

Стратегијата за климатски промени на Град Скопје од 2017 година, изработено со техничка и финансиска помош од Програмата за развој на ОН, претставува заеднички одговор на Градот и општините за справуавње со екстремните климатски промени, потенцијалнот за намалување на емисијата на стакленички гасови и го трасира патот и акциите во следните десетина години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени.

Општи мерки во стратегијата се дека Градот Скопје и општините во Град Скопје треба да продолжат да работат на зачувување на квалитетот на животната средина и на подобрувањен услугите во разни сфери на градот. Како конкретни мерки се предвидуваат, внесување на климатските промени во урбанистичкото планирање, изработка на трет акциски план за животна средина, изработка на климатски атлас на Скопје, подобрување на собирањето на комуналниот и цврст отпад, јакнење на залениот фонд на градот и други мерки.

Стратегијата нуди конкретни мерки и планови за намалување на емисијата на стакленички гасови, соодветна подготовка на градот за справување со природни непогоди, модернизирање и јакнење на јавниот транспорт, како и управување со ризиците и зголемување на урбаната отпорност на градот. За крај, како единствена мерка останува спроведувањето на стратегијата.

new nike air max 2019