Сите домашни производи на едно место со Sozdadi.com – нова приказна во регионот!

Sozdadi.com  е првата регионална заедница, која поврзува и се стреми кон поддршка на мали бизниси и домашно производство. Онлајн заедница во која секој добива еднакви можности да создаде се’ што ќе посака!

www.sozdadi.com е официјално лансирана!

Sozdadi.com  е првата регионална заедница, која поврзува и се стреми кон поддршка на мали бизниси и домашно производство. Онлајн заедница во која секој добива еднакви можности да создаде се’ што ќе посака!

Sozdadi.com е ориентирана кон конекција, а не трансакција! Во неа секој регионален креативец и домашен производител добива безбеден простор, во кој ќе креира своја сопствена онлајн продавница и преку неа ќе го развива своето хоби или домашен производ до препознатлив бренд.

На Sozdadi.com може да се најдат сите уникатни рачно изработени производи, како и регионални домашни производи на едно место.

Иновативноста се состои во тоа што производителите ќе имаат можност од своето хоби, она што со љубов го работат, да развијат сопствен бизнис преку евтин, а ефективен маркетинг и преку поддржување креативни проекти во рамки на платформата.

Што е она што ваквата платформа ја прави единствена и општествено одговорна?

Со купување и продавање на производи од Sozdadi.com помагаме на маргинализирани лица, кои имаат свое креативно хоби, и стануваме амбасадори во општествената борба за инклузија на пазарот на труд.