Синот на градоначалникот на Чучер Сандево по тепачка заврши во болница

Малолетниот син на градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Јован Пејковски вечерва со повреди на главата бил пренесен во Клинички центар, пренесува ТВ Нова.

Од МВР потврдија дека малолетниот син на градоначалникот на Општина Чучер Сандево Јован Пејковски вечерва со повреди на главата бил пренесен во Клинички центар по тепачка меѓу две групи младинци на автобуската станица кај Народна банка, потврдија од МВР.

Во истата тепачка, која се случила околи 19.15 часот, покрај 16-годишниот син на градоначалникот настрадал уште еден тинејџер од Сопиште, кој, исто така, бил пренесен  на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.