Синоќа на „Владимир Комаров“ не се спиело од градежна механизација (видео)

Во нас. Острово во општина Аеродром, на улицата „Владимир Комаров“, синоќа на граѓаните им бил пресечен мирниот сон од звуците на градежните машини кои работеле. Како што може да се види на видео снимката, механизацијата движела околу градилиштето и покрај тоа што веќе било „црна темница“.

-  Градилиштето се наоѓа на локацијата на поранешната самопослуга Славија, до основното училиште „Браќа Миладиновци“. Според некои од Деталните урбанистички планови, освен што на ова место ќе биде изградена зграда, паркот во непосредна близина на ова градилиште ќе биде претворен во паркинг простор! Општина Аеродром - вие сте синоним за лицемерие и профитерство на грбот на квалитетот на живот на народот, реагираат од граѓанската иницијатива Сакаме Аеродром да дише.