Синојќа нов пожар во скопско

Пожар избувна вчера попладне во шума во селото Варвара во општина Студеничани во околината на Скопје, во правец кон селото Добри Дол, изјави за МИА командантот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Посочи дека во 17 часот имале дојава за пожарот од жители на селото и дека три возила со осум пожарникари се на терен.

– Пожарот е под контрола и не може да се прошири кон куќите и викендиците. Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот – додаде Симоновски.