Синче на мама, немој така...За лошотилакот на децата се одговорни лоши родители

Во реалниот свет нашите деца зборуваат погласно од зборовите. Ставот, погледите, целите и перспективите во голема мерка зависат од тоа што го сознаваат од своите родители.

Неколку знаци на лошо родителство: 

1.Ако детето намерно ве вознемирува, тоа е затоа што не сте доволно физички нежни.

2.Ако детето ве лаже, тоа значи дека премногу грубо сте реагирале во минатото кога направиле грешка.

3.Ако вашето дете има ниска смаодоверба, тоа е затоа што ги советувате повеќе отколку што ги охрабрувате.

4.Ако вашето дете не се зазема за себе, тоа е затоа што редовно сте ги дисциплинирале во јавност. Не би требало да го правите тоа дури ни пред роднините, пријателите или семејството.

5.Ако купувате сѐ за вашето дете, а тие и натаму земаат работи од другите, тоа е затоа што не дозволувате сами да одбираат.

6.Ако е вашето дете кукавица, тоа е затоа што премногу сте им помагале. Не ја отстранувајте секоја препрека на нивниот пат.

7.Ако е вашето дете љубоморно, причина би можела да биде тоа што ги споредувате со другите.

8.Ако вашето дете брзо се лути, причина би можело да биде тоа што не го фалите доволно. Добива внимание само кога се однесува лошо.

9.Ако вашето дете не ги почитува чувствата на другите, причина би можела да биде таа што им дават наредба да не им даваат важност на чувствата на другите.

10.Ако вашето дете се однесува непристојно, тоа го научило од родителите или другите кои живеат со него.

Родителството не е само уште една работа, тоа е работа за цел живот. Покрај распоредот на секојдневниот живот, лесно е да се падне во вообичаено однесување. За жал, некои од овие навики се контрапродуктивни. Запомнете ги овие симптоми, како и советите за нивното кршење.