Силните жени претпочитаат да бидат сами наместо да си го губат времето со идиоти

„Јас верувам во силни жени. Верувам во жена која е способна да се бори за себе. Верувам во жена која нема потреба да се крие зад грбот на својот маж. Верувам дека со проблемите ќе се носи како жена, нема да глуми жртва, нема да бара сожалување, нема да покажува со прст. Ќе стои исправено и ќе се бори. Ќе се соочи со светот со крената глава и ќе го носи универзумот во своето срце.“

Силните жени се независни и среќни и кога се сами, не им треба маж за да имаат мир во животот. Овие жени не сметаат дека влегувањето во врска е клучно за да се чувствуваат исполнето, а времето кое не го минуваат со мажите станува уште поскапоцено и посмислено. Сепак, да се биде силна жена е многу потешко отколку што мислите, затоа што тие мораат сами да се носат со сите предизвици  во животот и зависат само од себе.

Моќта на позитивното размислување вели:

„Силните жени знаат дека, повеќе од кој било друг, мораат да се грижат за себе и дека не можат да чекаат некој друг да ги спаси. Тие минале низ многу битки и научиле што навистина значи независноста. Тие уште од мали нозе се грижеле за себе. Секоја силна жена која ќе ја запознаете поминала низ многу лоши искуства вво животот, но од нив излегла како шампион во срцето, не дозволувајќи да ја запре ниту еден погрешен чекор или несреќа.“

Па според тоа, тие не бараат партнер за да добијат нешто од него; тие бараат некого за внесат дополнителна вредност во својот живот. Тие само сакаат некој кој ќе ги инспирира, а не некој кој ќе ги влече надолу. На истиот начин, тие сакаат да внесат смисла во нечиј живот и да ја искусат важноста на давањето и земањето во една врска. Силната жена никогаш не би земала повеќе отколку што е подготвена да даде, особено кога станува збор за љубовта.

Силната жена ја привлекуваат само позитивни и инспиративни личности, затоа што поминала многу во животот и не сака некој кој ќе ја одвлечка назад во калта. Секогаш ќе ги решава проблемите со вас, но нема да толерира постојано кукање и отровно однесување.

Никој не треба да толерира отровни врски. Нездравите врски го уништуваат животот на двајцата вклучени во врската, уништувајќи им го чувството на сопствената вредност, носејќи само тага и болка. Поради тоа е потребно да се напушти таквата врска, затоа што партнерите само го одложуваат чувството на мир и среќа кои можат да ги добијат кога ќе ја прекинат врската.

Секој треба да го посвети своето лично време и енергија на оној кој го заслужува тоа и ако сѐ уште не сте ја пронашле својата љубов, ќе најдете поголема среќа ако сте сами. Апсолутно е прекрасна идејата да бидете отворени за врски, но ако сте сами и среќни и тоа е исто така прифатливо и океј.

Силните жени често одлучуваат да не ја губат својата енергија на врски кои само ќе ги повредат, затоа што многу добро знаат дека е подобро да бидат сами отколку во нездрава врска. Да се биде сам не е исто што и да се биде осамен, такашто слободно бидете она што навистина сакате и погрижете се да станете личноста од своите соништа пред да почнете да градите врска со некој друг.

Буда еднаш рекол: „Ти сам, исто како и кој било друг во целиот универзум, ја заслужуваш твојата љубов и приврзаност.“