Силните жени нема да молат, тие едноставно ќе си отидат кога ќе се почувствуваат непосакувано...

Сигурна сум дека секоја жена се нашла во следната ситуација: Запознавате некого. Ви се допаѓа, а и вие му се допаѓате. Излегувате, искри летаат на сите страни и сигурни сте дека ви е судено да бидете заедно.

Тој некако сфаќа што се случува во вашата глава и одлучува да исчезне од лицето на планетата Земја. Можеби ова е малку претерано, но дефинитивно постојат моменти во врската кога одлучувате да ја покажете својата ранлива страна и да ги отфрлите своите одбранбени механизми и тоа секогаш се случува во моментот кога престанува да се јавува.

Природно е да се исфрустрирате и да бидете луди и да чувствувате потреба да отидете до него и во лице да му кажете дека е глупав. И иако сето ова може да изгледа дека вие се борите за љубов, ве молам престанете! Само ќе ја влошите работата со повици и давање внимание!

Па наместо да бидете жена која моли, бидете прва која ќе исчезне во моментот кога ќе видите дека не ве цени.

Јас лично сѐ уште се каам за времето и енергијата потрошени на луѓе кои не вределе. Тоа време требаше да го потрошам патувајќи и запознавајќи нови луѓе. Затоа што сите знаци беа тука и секој знак ми кажуваше: БЕГАЈ! Но мојата глупава логика одбиваше да ги прифати тие знаци. И останав се додека тој не ми рече да си одам.

Ајде да престанеме да ги задржуваме мажите кои не сакаат да останат. Животот е прекраток за да си ја удирате главата од ѕид и да се излудувате поради маж кој едноставно не вреди. Има многу риби во морето и затоа не треба да се фаќате баш за рибата која не е заинтересирана за вас.

Силните жени никогаш не молат. Си одат во моментот кога ќе почувствуваат дека не се посакувани.

Треба да бидете со некој кој не мора да ве изгуби за да сфати дека ве сака.