Силјановска кон Заев: Народот ќе ви ја испорача метлата на 5 мај

Актерот Драган Спасов Дац синоќа на премиерот Зоран Заев му подари метла на собирот во Карпош.

Како што истакна актерот, истата добро ќе послужи за најавената чистка што ја соопшти премиерот Заев.

На тоа, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова рече дека „метлата“ ќе се случи на 5. мај.

„Се чудам од каде “смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача “Метлата” на 5 мај!“, напиша Давкова на својот Твитер налог.