Сигурни дека ќе играат во Скопје: Манчестер јунајтед го закупи „Александар Палас“

Англискиот гигант Манчестер јунајтед силно верува дека ќе ја освои Лигата на Европа и со тоа дека ќе биде еден од тимовите кои што на 8 август ќе игра во Скопје во рамките на Супер купот.

„Црвените-ѓаволи" кои се на чекор од пласманот во финалето, донеле одлука да го „закупат" хотелот „Александар Палас" неколку денови пред денот на одигрувањето, отркива Спортмедиа.

Момците на Жозе Мурињо, како што и доликува, ќе имаат огромно обезбедување, а ќе си ги донесат и сопствените готвачи кои што ќе имаат помош од персоналот во хотелот.

Манчестер најпрвин треба да го потврди пласманот во финалето, каде што по првиот натпревар против Селта Виго имаат гостинска предност од 1:0, а верификацијата треба да дојде овој четврток кога ќе играат пред своите навивачи на „Олд Трафорд".