„Сѐ уште верувам во бајки и сѐ уште верувам во собирање цвеќиња и сѐ уште верувам во тоа да се губам во нечии очи и да зборуваме со часови... Сѐ уште верувам во чуда, сѐ уште верувам во бурми и Библии и сѐ уште верувам дека најубавите чекори кои ќе ги направиш се оние кои ги правиш додека чекориш кон олтарот.“

Си беше еднаш една непоправлива романтична душа и луѓе кои ја осудуваа поради нејзините верувања.

Ова е за сите непоправливи романтичари во оваа земја. Оние кои обожаваат љубовни филмови, оние кои го анализираат секој љубовен стих. Ова е за секоја личност која верува во бајки, дури и ако ја нема пронајдено својата бајка. Ова е за сите кои некогаш верувале во љубов, знаејќи дека тоа е најдобрата работа која може да се случи некому, дури и кога ќе заврши лошо. Ова е за луѓето со отворено срце и кои никогаш се немаат променето за никого.

Ова е и за луѓето кои нѐ осудуваат и кои нѐ гледаат како да сме луди. Вистината е дека вие сте лудите, кои сѐ уште не се заљубиле. Но, ќе се заљубите.

Вие продолжете да ги играте вашите игри и јас ви ветувам дека јас секојпат ќе победувам во таа игра.

Секогаш се случува една чудна работа кога ќе се вкрстат патиштата на „играчот“ и личноста која верува во љубов. Личноста која верува во љубов воопшто не се менува. Тие продолжуваат да живеат со отворени срца, обидувајќи се да ги натераат и другите да веруваат во љубов. Но, кога личност која сака длабоко ќе се заљуби во „играч“, тогаш „играчот“ се менува. Тој ја губи играта со тоа што се заљубува во неа.

Вие само продолжете да ме исмевате затоа што верувам во бајки, а јас ќе се осигурам да ве поканам на мојата свадба од соништата. Секоја личност која верува во бајки еден ден ќе ја добие својата свадба од соништата.

Вие постојано ја исмевате мојата добрина, а јас со неа ве победувам секој пат.

Луѓето кои навистина веруваат во љубов, знаат дека ова е вистина – остатокот од светот не знае. И кога човек ќе проба да ги кутне на земја, тие се враќаат посилни и продолжуваат да ви ја покажуваат моќта на љубовта. Вистинската љубовна приказна се случува кога воопшто и не ја бараш. Ми се смеете затоа што плачам на љубовни филмови, јас знам дека ќе бидете први што ќе ми ги бришете солзите. Можете да ни ги исмевате чувствата, но и најтврдокорните неверници во љубов први се трудат да избришат солза која паѓа на нечие лице.

Ти продолжуваш да ми велиш дека не веруваш во љубов, а јас се смејам затоа што знам дека веќе си се заљубил во мене.

Луѓето кои веруваат во љубов секогаш победуваат. Смешната работа е тоа што истите луѓе кои те осудувале поради твоите уверувања и кои гледале дека не ги менуваш за ништо, всушност се оние кои најмногу научиле за љубов покрај тебе.

И така си живеете среќно до крај на животот.

Крај.