Шведскиот бренд за мебел „ИКЕА“ заинересирана да отвори продажен објект во Македонија

Владислав Лалиќ, директорот на секторот за недвижности и развој на ИКЕА во југоисточна Европа, за Бука, изјави дека засега нема планови за отворање на продажни објекти на шведската компанија во регионот, но дека тоа не значи дека тие не се заинтересирани за земјите како Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

 -Ние кога влегуваме во еден пазар, правиме доста сложена демографска, економска, макроекономска анализа, доста параметри земаме предвид и на основа на тоа носиме одлука. Со оглед на тоа дека и организациски имаме многу работа во врска со отворањето на продажни објекти во овој дел од Европа, мораме тоа да го правиме на добар начин. Тоа не значи дека ние не сме заинтересирани за Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и така натаму, но се уште не се исполнети условите за да можеме да кажеме нешто поконкретно - вели Лалиќ.

Според него, присутноста на ИКЕА во земјите од југоисточна Европа е многу важна бидејќи кога една компанија ќе дојде во регионот, се подобруваат шансите таа да се прошири и во соседните земји.