Шупливите луѓе не го менуваат светот

Во суштина, светот живее според конформистички шаблони, примамен е од прекумерен и залуден труд, страв од ново, едносмерен начин на живот, потрошувачки менталитет, опседнат со спектакли.

Не се занимава со суштината на работите, во смисла да има желба за убавото и едноставното, за хуманоста и за напредокот, без бесмислено претерување.

Потрошувачкото општество е одраз на некултурата. На видик се машини кои ќе се нарекуваат луѓе.

А за човекот ќе се најде некое друго име, чие значење нема никому ништо да значи.

Уметноста, религијата и љубовта тука ќе бидат немоќи и излишни, затоа што и тие веќе попримиле многу од облиците и изразите на технологијата.

Се плашам дека помина времето на револуции и преврати.

Шупливите луѓе не го менуваат светот.

Бранко Куќиќ