“Штурецот и мравката” и овој четврток во игротека “Бајка”

По задоволните и среќни лица на дечињата минатиот четврток во игротека “Бајка”, решивме и овој четврток да ги израдуваме нашите посетители со уште една проекција на куклената претстава за штурецот и мравката.

Во вторник и среда ве чекаме на нашите креативни работилници, каде нашите негувателки ќе се грижат за вашите дечиња додека тие креираат и се забавуваат.

Во четврток, со почеток од 19 часот ве чекаме на претставата “Штурецот и мравката”. Повеќе информации за БАЈКА може да најдете на www.scjanesandanski.mk, на facebook и Instagram како scjanesandanski, и на тел.070 326 072; 071 398 032.

Комерцијален текст