Луѓето родени во знакот Бик се навистина специфични луѓе. Нивната тврдоглавост и инает се неприкосновени, но и нивното добро срце допира до секој што ќе го сретнат.

Биковите се фантастични пријатели, но како е да се биде со нив во врска? Денес ви ги откриваме сите аспекти од тоа да се биде во врска со Бик.

Не престануваат да се расправаат се додека не се доискажат

Биковите мразат да останат недокажани. Тие ќе расправаат со часови ако треба, ама ќе си кажат што имаат да кажат. Не е важно дали се во право или не (а и тоа нема да признаат). Тие мора да си кажат што им лежи на душа и нема да остават караницата да престане доколку не се искажале.

Љубоморни се

Биковите често мислат: „А што ако си најде некој/а подобар/а?“ Затоа и знаат често да имаат љубоморни испади, иако јавно никогаш не би направиле скандал затоа што се премногу горди. А и никогаш нема да признаат дека се љубоморни, туку ќе најдат друг изговор.

Ретко го губат трпението и самоконтролата, но кога ќе се случи тоа – БЕГАЈТЕ

Да, тие се многу трпеливи и ретко се разлутуваат, но кога ќе се случи тоа, замислете си ураган кој носи се со себе и прави пустош. И назгора тоа тврдоглав е овој ураган кој нема да попушти во лутината се додека не испадне по негово.

Тие се многу независни

Биковите сакаат сами да си ги прават работите и сакаат да го прават тоа во свое време и според свои правила. Колку и да им планирате романтични гестови и вечери, тие ќе ви бидат благодарни, но ќе се нервираат во себе затоа што сте им ги пореметиле нивните планови. Тоа значи и дека кога Бикот има проблем, тој претпочита самиот да си го реши проблемот без ваша помош.

И покрај се, тие се неверојатно лојални

Еден од најважните аспекти во секоја врска е довербата и ако Бикот се реши да ви верува, тоа значи дека дефинитивно сте го заслужиле тоа и тоа значи дека тие ќе ви бидат најлојалната личност којашто некогаш сте ја сретнале во животот. Но, ако еднаш ја прекршите таа доверба, тие никогаш нема ни да ве погледнат, а уште помалку да ви веруваат повторно.