Што значи да се биде во депресија?

Депресија, самиот збор е доволен за да ве излуди. Значењето е сосема друга приказна. Ако вие поминувате низ депресија и навистина ви е тешко да се извлечете од таа темна дупка, сигурно го разбирате ова.

Депресијата може да биде збунувачка. Една минута сте океј, а веќе во наредната почнувате да се лизгате. Станувањето наутро од кревет се чини невозможна мисија, седите во темен молк со часови и го фаќате мозокот како ви лута – сето тоа на крај станува истоштувачки круг кој не престанува.

Можеби сте се лизнале поради врска која не излегла како што сте сакале, можеби имате домашни проблеми, вашиот друштвен живот не е таков каков што го замислувате, имате проблем во училиште или факултет или можеби немате поим зошто се чувствувате така.

Без оглед на ситуацијата, тешко е човек да се извади од ситуацијата. Се чувствуваш беспомошно, несигурно, изгубено и збунето. Почнуваш да се чувствуваш дека си ја изгубил насоката во животот. Депресијата прави секогаш да го мислиш најлошото. Почнуваш да мислиш дека ништо нема повторно да биде добро.

Не веруваш никому затоа што мислиш дека никој нема да те сфати сериозно. Или можеби се плашиш дека оваа личност да ги дознае твоите мрачни мисли во 2 наутро.

Врските стануваат тешкотија, затоа што најчесто, заедно со депресијата доаѓа и анксиозноста. Постојаната загриженост, сомнежот и потребата да се биде убеден може да исплаши некои луѓе. Тогаш влегува во игра изреката: „Ако не можеш да се справиш со мене кога ми е најлошо, не ме заслужуваш кога ми е најдобро.“ Мора да веруваш во тие зборови иако поголемиот дел од времето ќе се чувствуваш дека твоја е вината.

Музиката станува твој живот. Седиш во темна соба обидувајќи се да најдеш смисла во секој текст и секоја песна и потоа се обидуваш да ги поврзеш со сопствениот живот.

Почнуваш да ги оттурнуваш луѓето за кои највеќе се грижиш, затоа што кога еднаш ќе се лизнеш, се станува премногу и имаш чувство дека веќе не можеш да издржиш и дека не можеш да се справиш со работите.

Се гледаш во огледало и одеднаш се разочаруваш. Не си среќен со ништо во животот и си свој најголем критичар.

Среќата станува непозната територија за тебе. Почнуваш да мислиш дека никогаш нема да бидеш среќен.

Депресијата е грда и таа е чудовиштето во нашите глави кое ни вели дека не сме доволни.

Затоа треба да буткаме назад и да се бориме и да им дозволиме на другите да ни подадат рака за помош.