Што ви говори нискиот притисок?

Ако сте често уморни, ви недостасува енергија и ви се врти, веројатно имате хипотензија.

Висината на крвниот притисок во главно е генетски предиспозирана. Затоа не е ретко некои луѓе цел живот да имаат низок притисок, односно понизок од 120 со 80. Проблемите со нискиот притисок се особено изразени при нагли промени од ладно во топло време, какви што се следниве месеци се почести.

- Топлината предизвикува ширење на крвните садови па крвта бега во периферните делови и притисокот дополнително паѓа. Тогаш се јавуваат симптоми на поспаност, безволност, нестабилност, губење на рамнотежа, расеаност, што може да биде многу непријатно. Секако повеќе треба да се чуваат постарите лица кај кои нискиот крвен притисок може да предизвика вртоглавици, вели др Мирјана Лапчевиќ.

Нискиот притисок почесто го имаат жените, особено во средните години и пред се им се советува да водат сметка за исхраната и да не држат строги диети. Хипотензијата може да се јави и како резултат на дехидрација, депресија, кардиоваскуларни болести, бактериски инфекции. Симптоми на нискиот крвен притисок поради намалениот доток на крв може да исчезнат ако се подобри циркулацијата.

- Нискиот крвен притисок може да се регулира со внесување на доволна количина на течности и соли. Солта помага да се задржи водата во организмот. Корисно е да се испие и една чаша црвено вино пред ручек и една навечер, бидејќи виното е богато со флавоноиди и е добар антиоксиданс, па служи и како лек за хипотензија. Треба да се внесуваат што повеќе течности, не премногу засладено сокови, супи, чорби, советува др Лапчевиќ.