Знаете кое вино да го нарачате, која маса има најдобро осветлување за правење фотографии за на Инстаграм и која храна да ја одбегнувате во повеќето ресторани. Но, пред да заклучите дека знаете како да се однесувате во ресторан, обрнете внимание на нештата со кои ги нервирате келнерите. Проверете дали правите некоја од следниве 5 работи и веднаш променете го начинот на однесување…

1. Ги собирате празните чинии

Вие мислите дека им помагате на келнерите да ја расчистат масата со тоа што ги ставате сите чинии на еден куп. Но, верувајте дека не е лесно да се носи цела кула од садови до кујната, така што најдобро е да ги оставите сами да си го направат распоредот на собирање валкани чинии.

2. Се жалите дека јадењето ви се изладило (откако сте чекале 15 минути за да почнете со јадење)

Вашето јадење било послужено топло, но додека сте ја правеле совршената фотографија за на Инстаграм, сте им се фалеле на пријателите за тоа колку вкусно изгледа и потоа сте продолжиле со разговор уште 10 минути, тоа се изладило. Келнерите не се виновни за ова, така што немојте да ја враќате храната, освен ако не ви била послужена ладна.

3. Го враќате јадењето назад ако личноста која е со вас во ресторанот отишла до тоалет

Знаеме дека сакате вашите пријатели да добијат топол оброк, но ако го вратите јадењето, ќе ја попречите целата работа во кујната. Верувајте дека храната ќе биде исто толку вкусна ако поседи на маса 2 минути.

4. Очекувате роденденски десерт без да го нарачате

Нема да погрешите доколку спомнете дека славите роденден кога ќе резервирате, но не очекувајте дека некој ќе ви донесе десерт со свеќички, освен ако не сте побарале. Вашите келнери не можат да ви ги прочитаат мислите и да претпостават дека ќе сакате десерт.

5. Барате попуст ако се работи за посебна прилика

Честитки за вашата годишнина, но не сте вие единствените во ресторанот кои прославуваат некој посебен настан. Немојте да очекувате и да барате попуст.