1. Учиме дека понекогаш можеме да се обидеме некому да објасниме нешто, но луѓето тоа можат да го сфатат дури откако истото ќе им се случи на нив.
  2. Учиме како на крајот единствено ние можеме да си помогнеме себеси и почнуваме активно да ги решаваме проблемите.
  3. Учиме да не разговараме за некои работи затоа што потсвесно очекуваме дека ќе се случат тие работи и потоа се разочаруваме кога нема да се случат.
  4. Сфаќаме кој навистина се грижи, а кој глуми. Во тешки времиња се познаваат вистинските пријатели.
  5. Сфаќаме дека некои од нашите најдобри пријатели не нѐ познаваат нас, туку само дел од нас. Со други зборови, нѐ сакаат кога сме среќни, но не и кога сме тажни.
  6. Сфаќаме дека некои луѓе ја намалуваат тежината на нашите проблеми. Треба да бегаме од нив.
  7. Почнуваме да бараме одговори, наместо одобрување и решенија надвор од нас. Тоа значи дека ги правиме работите според сопствен процена.
  8. Учиме како да бидеме одговорни за сопствениот живот. Ако нешто зезнеме, ние самите сме одговорни и не ги обвинуваме другите за нашите неуспеси. Единствено учиме самите да ги водиме своите битки, затоа што не се сите на наша страна.
  9. На потешкиот начин учиме како да се прифатиме себеси. Тешко е кога мислиме дека сме сами, а уште потешко е да мислиме дека не сме ние виновни.
  10. Учиме како да се носиме со осаменоста. Ги прегрнуваме своите мисли, својата збунетост и стравови. На крајот стануваме бестрашни.
  11. Почнуваме да сфаќаме дека сите имаат некаква улога во вашиот живот, а некои луѓе немаат толку важни улоги. Некои се тука само привремено и нема сите да ни останат пријатели до крајот на животот.
  12. Стануваме повнимателни кога станува збор за врски. Веќе не веруваме толку, не се доверуваме толку лесно. Веднаш ставаме граници со другите луѓе.
  13. Понекогаш е подобро да не им кажеме се на луѓето затоа што никогаш не знаеме како или кога ќе го искористат тоа против вас.
  14. Сфаќаме дека самите можеме да се кренеме после падот и дека не треба да се потпираме на никого.
  15. Ова е тешка лекција, но најважна: Единствено можеме да преживееме сами, затоа што некои луѓе сакаат само да нѐ повлечат на дно.