Што треба да знаете за девојката која бега од љубовта?

- Можеби се плашиш дека некој навистина би сакал да биде со тебе.

- А зошто тоа би ме плашело?

- Затоа што тогаш нема да можеш да се криеш позади твоите книги и Бог... Но, знаеш која е вистинската причина поради која се плашиш? Затоа што и ти сакаш да бидеш со мене.

- „Прошетка за паметење“

Таа не се плаши од љубовта... напротив, навистина ја привлекува идејата за љубов.

Исто колку што се плаши од тоа да биде повредена. Но, памети како беше повредена и тоа не еднаш, туку многу пати.

Ако бега, оди по неа... таа само малку те тестира.

Затоа што никој досега не се вратил по неа.

Ако нешто оди како што треба... ти најверојатно си возбуден од помислат дека нешто ново започнало.

Но, таа очекува да се оствари најлошото сценарио... затоа што сѐ што се случило во нејзиното минато само ја уверило дека љубовта никогаш не излегува како што треба.

Таа можеби и самата ќе бара причини за да побегне... затоа што знае дека ако таа те претрка, барем нема да биде повредена.

Тоа е само одбранбен механизам... всушност таа само е исплашена.

Има причина поради која таа е онаква каква што е... или многу причини, имиња, заедно со приказна која ќе ти го скрши срцето.

Но, таа ќе ти го каже тоа само кога ќе стекне доверба во тебе... и со солзи во очите ќе ти го раскаже своето минато.

Избриши ѝ ги солзите и цени ја ранливоста на моментот... затоа што речиси никој ја нема видено во таква состојба.

Таа глуми дека е силна... затоа што покажувањето слабост значи дека дозволуваш другиот да победи.

Но, реално, таа предолго беше силна...носејќи ја тежината на секој товар и тоа на својот грб.

Таа ќе се обиде да те оттурне од себеси... и тоа во моментот кога ќе почувствува дека и се приближуваш.

Таа ќе изгради ѕидови околу себе... ќе се изолира од страв.

Но, тоа е само за да види дали ти навистина се грижиш за неа.

Таа не е најлесната личност на светот и навистина не е лесно да ја сакаш.

Таа ќе каже една работа, но ќе мисли на друго.

Но, навистина секогаш има најдобри намери... дури и кога не го покажува тоа.

Одвреме-навреме ќе ја фати паника и ќе почне да збори како вие не сте еден за друг.

Тогаш бакни ја... кажи ѝ дека тоа не е вистина, затоа што и таа не верува во тоа.

И кажи ѝ дека си тука за да останеш... затоа што и покрај тоа што бега, сѐ што сака е некој кој ќе и даде причина за да престане да бега.