Сексот не е само момент на задоволство – тој носи здравствени придобивки кои не можете ни да си ги замислите

Но, како и кај другите физички активности, при прекин со вежбањето, придобивките од него се губат.  Затоа многу експерти кажуваат дека немањето секс повеќе од една недела има негативни последици врз телото.

1. Стрес

Интимните односи со партнерот се многу практичен начин да го редуцирате стресот.  Поради тоа, кога ќе престанете да имате секс, го губите тој бенефит.  Според една студија, редовното водење љубов со партнерот влијае позитивно врз физичкото и менталното здравје.

2. Проблеми со срцето

Физичката активност влијае во насока на подобрување на кардиоваскуларниот систем – сексот е физичка активност, што значи дека ги подобрува циркулацијата и срцевото здравје.

Во едно неодамнешно истражување докажано е дека паровите кои имаат секс барем еднаш неделно, имаат намален ризик од срцеви заболувања, за разлика од паровите кои имаат секспоретко.

Што се случува на психолошки план?

3. Намалување на самодовербата

Доколку живеете заедно со вашиот партнер и притоа започнете да имате секс сè поретко и поретко, веројатно е дека нема воопшто да се чувствувате убаво. 

Чувството на непосакуваност ќе биде присутно и тоа ќе се одрази негативно врз вашата самодоверба Како што може да се види, сексот не служи само за задоволување на желбите, туку и за подобрување на здравјето.  Затоа, гледајте да го имате што почесто – и самите знаете дека вашиот партнер ќе биде пресреќен со овој предлог.