Сите знаеме дека заљубениот човек секогаш зрачи со посебно задоволство и среќа, но малкумина знаат што всушност се случува во телото. Заљубеноста не ги активира само „пеперутките“ во стомакот, таа делува и подобро од апчиња за болка, ја засладува храната и го забавува срцебиењето.

Ова се 9 навистина фасцинантни промени во телото кои се активираат со заљубеноста:

Мозокот ја менува активноста во дел од секундата

Љубовта на прв поглед обично звучи како клише или добар наслов за некоја холивудска романтична комедија, но тоа е првиот чекор кон заљубување. Љубовта активира дури 12 региони во мозокот, а исходот е чувството на заљубеност уште во дел од секундата.

Срцето го забавува ритамот

Заљубеноста влијае на нивото на хормоните, поради што се забавува срцебиењето и се намалува крвниот притисок.

Го губите сонот

Резултатите од истражувањата покажуваат дека човек во периодот кога е заљубен губи еден час од сонот. Причината за тоа  е размислувањето за саканата личност кое ве држи будни.

Попуштаат болките во телото

Љубовта во мозокот ги активира истите рецептори врз кои делуваат лековите против болки.

Станувате расеани

За време на заљубеноста во мозокот доаѓа до ослободување на окситоцинот – љубовниот хормон кој го блокира помнењето. Резултатот е чувство на расеаност и заборавеност.

Се активира љубомората

Ситуацијата во која не можете да се контролирате кога ќе ги видите вашите сакани во разговор со личност од спротивниот пол е прв знак за заљубеност. Докажано е дека љубовта влијае на чувството на заштита на саканите или со други зборови се активира љубомората.

Храната станува послатка

За време на истражувањата во кои учествувале заљубени студенти, тие имале задача да пробаат различни намирници и да го оценат нивниот вкус. Резултатите биле неочекувани, сите се сложиле дека храната и пијалокот имале посладок вкус.

Губите концентрација

Несвесното размислување за партнерот ги нарушува вашите работни вештини, а едно истражување покажало дека за време на заљубеноста луѓето се слабо сосредоточени на извршување на обврските.

Гласот станува повисок и потенок

За време на разговорите со мажот кон кој имаат чувства, женскиот глас добива повисока фрекфенција и станува потенок.