Што се случува со вашата кожа кога пиете алкохол?

Од мачнини, до главоболки и нервоза, па и дехидратација – сите знаеме што се случува кога консумираме алкохол. Но, што се случува со нашата кожа?

Според докторите, треба да знаеме дека алкохолот е диуретик кој предизвикува дехидратација на нашата кожа. Кога кожата е дехидрирана, таа ја губи свежината и фините линии, а добиваме брчки. Освен тоа, алкохолот ги намалува антиоксидантите во кожата, особено витаминот А, кој придонесува за регенерација на клетките. Недостатокот од овој витамин придонесува кон намалување на способноста на телото да се справи со слободните радикали и да ја заштити кожата од надворешните влијанија, предизвикани во животната средина.

Дополнително, алкохолот предизвикува различни воспаленија што можат да доведат до акни, псоријаза и црвенила на кожата. Тоа е поради проширувањето на крвните садови. 

Веројатно веќе знаеме дека колку повеќе пиеме, толку полоши се ефектите од алкохолот. Но, сите алкохоли не се исти. Експертите препорачуваат да ги избегнувате пијалоците со многу шеќер, како и коктелите кои водат до покачување на нивото на шеќер во крвта, а предизвикуваат и акни. Затоа, најдобро е црвеното вино кое содржи антиоксиданти и полифеноли кои всушност имаат и позитивно влијание на нашата кожа. 

Дури и да пиете во текот на вечерта, потрудете се да пиете многу вода, а особено да испиете чаша вода пред спиењето. Утредента после бурната ноќ, добро е да земете витамин Ц и храна која ќе ви помогне да се ослободите од мачнините.