Што се случува кога жената после неколку лоши врски конечно ќе запознае добар маж?

Кога сте во отровна врска, не сфаќате колку сето тоа влијае врз вас, барем не додека сте во врската. Тешко е човек да се оттргне од тоа. Дури и кога ќе си заминете, полека почнувате да освестувате. И пак ви е тешко. Но, потоа запознавате добар маж. А кога ќе се случи тоа, сфаќате колку лошо влијаеле врз вас сите тие отровни и лоши врски. Но, понекогаш се случува и да ги туркате од себе луѓето баш поради тоа, затоа што не сте навикнати некој добро да се однесува со вас, па така речиси и го отфрлате од вас. Еве што се случува кога конечно ќе запознаете некој добар после сите лоши врски:

На почетокот, очекувате сѐ најлошо

После сите лоши врски, не верувате никому. Дури ни на себе. Се прашувате зошто толку долго сте толерирале таков однос. И во секоја врска влегувате очекувајќи сѐ најлошо. Имате периоди во животот кога воопшто не верувате дека постојат добри машки, затоа што долго време сте прифаќале луѓе кои не ве заслужувале.

Премногу анализирате

Мислите дека секој има скриени намери и дека сѐ што ви кажуваат има некакво скриено значење. Не верувате дека луѓето можат да бидат искрени. Правите луди претпоставки и се сомневате во сѐ. Потоа решавате да се отворите и го споделувате ова со вашиот добар човек, а тој е збунет. Не затоа што вие сте се сомневале во него, туку дека некој воопшто можел да ви го направи тоа и сѐ што сака е да направи никогаш повторно да не се чувствувате така.

Мислите дека е предобро за да биде реално

Мислите дека целата ситуација е предобра за да биде реална. И очекувате во секој момент да се открие некоја мрачна страна од него. Очекувате да го изгубите. Очекувате неочекуван крај. Но, тој и натаму продолжува да ви покажува дека врските можат да бидат и добри.

Се обидувате да го оттурнете од себе

Некој во вашето минато направил да верувате дека не заслужувате добри работи. И кога конечно ќе добиете нешто добро, вие го отфрлате тоа. Се плашите од добри работи, затоа што не сакате да ги изгубите. Не сакате повторно да бидете повредени, па се обидувате сѐ да уништите. Но, колку повеќе се обидувате да бегате, толку тој не ви го дозволува тоа. Кога се обидувате да го оттурнете, тој не ви дозволува да го направите тоа.

Очекувате кавги

Уште од самиот старт очекувате кавиг. Но, наместо тоа, сѐ се решава со комуникација и муабет. И тогаш сфаќате дека нормалните луѓе ги решаваат работите на нормален начин.

Пречесто се извинувате

Ќе се прашува зошто пречесто се извинувате. Ќе види болка во вашите очи и срце и ќе направи сѐ за да увери дека сѐ е океј. Кога добар маж ќе забележи жена која била повредена, тој ќе направи сѐ само за да ја увери дека со ништо не заслужила таков однос. Тој ќе направи таа да ги редефинира сопствените критериуми за љубов.

Мислите дека ќе му биде подобро без вас

И покрај тоа што ќе имате вакви мисли во глава, треба да сфатите дека освен фактот што тој ви го разубавел животот, и вие сте го направиле истото за него. Знам дека се плашите повторно да сакате. Знам дека се плашите да му дозволите да ви се приближи. Но, вашата чувствителност, сочувство, сила и разбирање го прави неговиот живот прекрасен и исполнет. Во минатото можеби сте имале некој кој бил неодговорен и неподнослив. Оваа нова врска можеби не е она на кое сте навикнати, но е токму она што го заслужувате.

Премногу се трудите

Немојте премногу да се трудите. Не мислете дека морате така. Порано мислевте дека не е доволно дури ни кога дававте сѐ од себе. Моравте премногу да се трудите, моравте да се натпреварувате. Моравте да се докажувате. Она што требаше да го научите е дека доволно е да бидете она што сте, а со оваа личност можете да бидете баш такви какви што сте.

Почнувате да му верувате

Ќе дојде момент кога ќе му кажете сѐ. Момент кога доволно ќе му верувате за да го пуштите да ви се приближи. А кога ќе почнете да му раскажувате за вашиот живот, тој нема да се откаже. Тоа ќе му биде само уште една причина за да остане. Вие порано сте морале да бидете силни и сте морале да издржите работи кои не сте ги заслужиле. Но, сето тоа ве прави прекрасна личност. И поради сето тоа, вистинската личност ќе ве цени уште повеќе.

Конечно дознавате што значи да искусиш вистинска љубов

Почнувате да сфаќате дека тоа што сте го искусиле порано нема врска со љубов. Сфаќате дека љубовта не треба да ве повредува, ниту да ве понижува, а уште помалку да ви го крши срцето. Вистинската љубов не игра игри со вашето срце, ниту пак посакува да види како страдате. И така, вие повторно љубите со цело срце, ама овојпат како што треба. Вистинската љубов ве прави посилна и ве поттикнува да бидете уште подобра личност и тоа е она што ви го овозможува овој добар маж.