Кога ќе повредите една силна жена, таа се губи себеси. Научена е да има контрола на своите чувства и вообичаено таа може да се справи со сите нешта во нејзиниот живот. Но, кога ќе го скршите нејзиното срце, потребно и е време да се опорави. Потребно и е долго да плаче, не сфаќајќи што се случило, да се преколнува себеси зошто го дозволила тоа и потребно и е време да се опорави.

Во тие моменти, таа се прашува себеси зошто дозволува да биде толку ранлива и слаба и се сомнева во својата сила и добрина. Си вели дека луѓето не заслужуваат да си добар кон нив и дека никому веќе не треба да му верува.

Кога ќе повредите една силна жена, ја терате да ги преиспита своите приоритети. Таа се прашува зошто дозволила некому да управува со нејзиниот живот, зошто ги спуштила толку ниско своите стандарди за да биде повредена на крајот. Се прашува дали заслужила толкава болка и го моли универзумот тоа веќе да не се повтори. Се убедува себеси дека таа не смее да дозволи тоа да се повтори.

Кога ќе ја повредите, таа сепак сфаќа колкава сила има во себе. Ќе ја видите како си заминува од вас, без да каже ниту еден збор. Ќе се носи со својата болка  и повредена суета со самодоверба и самопочит. Ќе ја гледате како си заминува и ќе се прашувате зошто е таква.

Кога ја губите оваа жена, ја губите на секој можен начин. Ќе ве избрише од секој дел од животот. Без оглед на тоа дали сте биле нејзин најдобар пријател, дечко, сопруг, љубовник. Ќе станете дел од нејзиното минато кон кој таа никогаш веќе нема да сака да погледне. Таа нема да го мине остатокот од својот живот прашувајќи се зошто сте ја повредиле. Едноставно ќе знае дека не ја заслужувате.

Кога ќе повредите една силна жена, само и помагате да биде посилна. И давате дозвола да продолжи, да се фокусира на себеси, да одлучи што сака од животот. Да најде некој кој ќе и одговара повеќе или да ужива да биде сама повеќе отколку да биде со некој како вас.

Кога ќе повредите силна жена, всушност се повредувате себеси. На долг рок, губите извонредна личност која никогаш не би ве разочарала и би била вашата најголема поддршка.