Што се случува ако не пиете доволно вода?

Водата е составен дел на нашиот организам и ако не пиеме доволно во нашето тело почнуваат да се чувствуваат симптомите.

Што точно се случува?

Собирате „лажни“ килограми

Иако звучи чудно и необично, сепак реткото пиење вода придонесува за задржување на вода во телото поради што изгледаме подебели отколку што сме. Ако не пиеме доволно вода, телото почнува да ги задржува залихите кои ги има, што предизвикува подуеност.

Губите енергија

Се чувствувате поспано и исцрпено, а проблемот се крие во дехидратацијата. Експерите предупредуваат дека дури и најмалата дехидратација на телото води до намалување на енергијата и замор. За да го избегнете пролетниот утрински замор, пред кафето испијте чаша вода.

Губите концентрација

Со оглед на тоа дека и нашиот мозок е составен од вода, овој орган во голема мера зависи од нашето внесување течности во организмот. Тоа значи дека со недоволното пиење вода доаѓа до пад на концентрацијата. Тоа често може да се забележи со чувството на жед кое го игнорираме на работното место.

Зголемена глад

Многу честа појава кај луѓето кои не пијат доволно вода во текот на денот е силното чувство на глад. Оваквата реакција на телото е нормална бидејќи колку и да звучи необично, сепак водата прави да се чувстуваме сити. Кога ќе почувствувате глад, прво напијте се чаша вода, а потоа почекајте. Ако станува збор за дехидрација, водата би требало да ја убие лажната глад.

Побавно губење на килограмите

Водата е составен дел од нашето тело, метаболизам и систем за варење. Истражувањата докажуваат дека само испиени две чаши вода придонесуваат за забрзување на метаболизмот и согорување на калории за дури 30%.

Од друга страна пак, ако пиете премалку вода, телото станува дехидрирано поради што целиот организам се успорува. Тоа влијае на лошо варење, но и дебелеење и проблеми со намалување на килограмите.