Што се ќе научиш кога ќе станеш мајка?

Ќе научиш да се тушираш за 48 секунди и попатно да ја измиеш и кадата, а можеби и лабавото.

Ќе научиш да спиеш на нозе.

Ќе научиш да правиш се буквално со една рака. Кому е потребна другата рака?

Ќе научиш да се подготвиш за излегување за точно три минути.

Ќе научиш дека јадењето без сол и зачини може да биде превкусно.

Ќе научиш да ги препознаваш сите видови столица. Во сите состојби (течна, тврда...).

Ќе научиш да се однесуваш кон дамките на облеката како да се ордени.

Ќе научиш побрзо да спиеш.

Ќе научиш да глумиш за Оскар.

Ќе научиш нови нивоа на трпение и разбирање.

Ќе научиш да се гордееш на себеси поради мали работи, како на пример тоа што детето ја преживеало својата прва година.

Ќе го научиш бебешкиот јазик.

Повторно ќе ги научиш сите детски песни.

Ќе ги научиш имињата на сите цртани ликови.

Ќе научиш да влезеш во бутик и да не си купиш ништо.

Ќе научиш да римуваш се.

Ќе научиш повторно да ја пронајдеш магијата во цртаните.

Ќе научиш да одиш како Квазимодо.

Ќе научиш дека ќе го направиш она што некогаш си рекла дека нема никогаш да го направиш.

Ќе научиш дека плачењето веќе не ти оди на нерви.

Ќе научиш дека не е се и сешто за срам.

Ќе научиш кафето со другарките и разговорите да ги сведеш на 45 минути.

Ќе научиш повторно да си играш со играчки.

Ќе научиш дека сонот е преценет.

Ќе научиш прецизно да мериш температура со дланката.

Ќе научиш 24/7 да глумиш скенер, затоа што ниту една точка на телото не може да ти проникне.

Ќе научиш дека мала е разликата помеѓу дете и маж.