Што сакаат мажите, а што сакаат жените во љубовта?

Мажите се од Марс, жените од Венера? Дали навистина сме од различни планети и зошто навистина не можеме да се разбереме едни со други? Кога станува збор за љубовта, што сакаат мажите, а што сакаат жените и каде лежи разликата помеѓу нив?

Прочитајте во продолжение...

Што сакаат жените?

Посветеност во врската

Ова е едноставна желба каде што делата кажуваат повеќе од зборовите. Посветен маж е маж кој го почитува времето кое го поминуваат заедно, ја почитуваат нејзината кариера, нејзините пријатели, нејзиното семејство и нивното заедништво. Во суштина, жените повеќе веруваат во „ние“ отколку „јас“.

Грижливо, искрено однесување

Жените сакаат мажи кои се искрени за своите мисли и за тоа каде одат. Жените бараат искреност. Ако мажот направи грешка, жените повеќе би сакале тоа да им биде искрено кажано, отколку да дознаат подоцна дека биле лажени.

Дарежлив дух

Жените сакаат мажи кои не само што се добри со пари, туку и дарежливи по својот карактер. Овие мажи ја разбираат и логиката на реципроцитетот, односно дека ако и даваат на жената, таа ќе им даде уште поголемо задоволство во животот.

Добар секс

За ова не треба многу објаснување. Со тоа што дефиницијата за тоа што е добар секс варира од луд до романтичен. Секако за тоа е потребно и двајцата да се најдат на исто ниво.

Што сакаат мажите?

Секс

Да, навистина, ова не е изненадување, но мора да се спомне. За мажите без секс не е возможно да се има добра врска. Едноставно тоа е начинот на кој тие најбрзо и најцврсто се приврзуваат за партнерката.

Слобода

Мажите не сакаат да бидат преоптоварени со прашања од типот: „Што ќе правиме викендов?“ или „Зошто не ми се јави вчера?“. Колку повеќе слобода имаат, толку попосветени ќе им бидат на своите партнерки. За нив слободата значи се.

Простување

Повеќето мажи кои биле интервјуирани за истражувања, рекле дека за нив „простувањето“ е многу важно и дека држењето лутина и бидување на злопамтило е нешто што ја уништува врската и што ги прави несреќни.

Почит

Мажите навистина сакаат да бидат ценети и почитувани. За некои мажи ова значи и разгалување, па нивните партнери треба да бидат свесни дека фалењето и благодарноста можат да направат чуда. Секако, не треба да се претерува и фалењето треба да биде засновано на реалноста.