А што правиш ти по цел ден?

Уморна од досадното прашање: „А што правиш ти по цел ден?“, една жена по име Рише Келсбери одлучила да напише еден текст во кој ги поздравува сите мајки кои решиле да бидат домаќинки и кои решиле да се посветат на домот и на децата. Објавата експлодирала на интернет и за кратко време добила над 640.000 лајкови и била споделена повеќе од 300.000 пати.

Овој текст треба да го прочитаат сите луѓе за мајките да ја добијат заслужената почит поради жртвата која ја прават за доброто на своите деца и семејство.

За да бидеш домаќинка не постои диплома, но тоа е клучна улога за семејниот живот! Уживајте и ценете ги своите жени, мајки, баби, тетки, сестри, ќерки, затоа што нивната жртва е непроценлива.

Рејчел го напишала ова и потоа направила листа со сите „професии“ кои мајките ги имаат. И еден човек ја прашал: „Ти работиш или си домаќинка“.

Еве што му одговорила:

„Јас работам како мајка 24 часа на ден:
Јас сум мајка.
Јас сум жена.
Јас сум ќерка.
Јас сум аларм.
Јас сум готвачка.
Јас сум слугинка.
Јас сум мајстор.
Јас сум келнерка.
Јас сум дадилка.
Јас сум медицинска сестра.
Јас сум физички работник.
Јас сум чувар.
Јас сум советник.
Јас сум тешител.
Јас немам годишен одмор.
Јас немам дозвола за боледување
Јас немам слободен ден.
Јас работам и навечер и преку ден.
Јас цело време сум на должност.

Но, јас не добивам плата за тоа. Сепак, често ја слушам фразата: „А што правиш ти по цел ден?“

Домаќинката е како сол: нејзиното присуство не се помни, но нејзиното отсуство прави сите работи да бидат без вкус.“

Air Max 1 Ultra Essential