Што порачаа дечињата во паркот во Ѓорче Петров?

Дечиња од населбата Ѓорче Петров, на неколку места во општинскиот парк поставија листови на кои се испишани правила за однесување со и кон милениците.

Изгледа овие мали надежи имаат повеќе свест и совест од повозрасните, кои не го собираат изметот од своите миленици, па со тоа им создаваат секојдневни проблеми додека се обидуваат безгрижно да си играат во тревата во паркот.

Тие рекоа дека имаат домашни миленичиња, но ги почитуваат правилата кои ги напишале. Секоја чест и големо браво!