Дамките на ноктите покажуваат анормалност на нервниот систем, што може да доведе до заболување. Овие дамки се јавуваат и при големи душевни стресови.

Но, нема ништо страшно во нивното појавување, тие се само знаци предупредуваат, и кои го тераат човек да презема мерки за заболувањето кое доаѓа.

За да се ослободите од овие дамки треба да го насочите умот кон одредена мисла. Во период од 2-3 месеци тој може да ги тргне дамките од вашите нокти.

Има многу митови поврзани со белите дамки на ноктите, но простата вистина е дека поголем дел од нив се јавуваат поради претходна повреда на ноктите.

Затоа ако ги имате, не мислете веднаш дека имате недостиг на витамини и минерали. Во некои случаеви, белите дамки на ноктите можат да покажуваат некаква инфекција, но многу почесто тие се резултат на извесна повреда.

За разлика од сините, белите дамки по ноктите на се појавуваат веднаш. Може да помине време додека ги забележите затоа што обично тие се резултат на повреда.

Според некои често среќавани митови, белите дамки на ноктите се резултат на дефицит на калциум или пак на јадење на многу мајонез. Понекогаш тие можат да бидат и индикација за алергична реакција кон одредени продукти која се појавува на ноктите како на пример, реакција на лак, ацетон или зацврстувач на нокти.

Многу луѓе, кои носат вештачки нокти, откриваат бели дамки после отстранувањето на вештачките нокти. Доколку забележите такви дамки по ноктите, консултирајте се со лекар за да се установи која е причината за нивната појава.