Што очекуваат жените на првиот состанок?

Првиот состанок е многу важен. Тремата е присутна, не знаеме што ќе се случи, но она што со сигурност го знаеме е тоа дека нема втора шанса за прв впечаток. Се чини дека на модерните мажи им е потребна мала помош во оваа насока, па затоа денес ви даваме неколку совети за првиот состанок.

Еве што очекуваат жените од првиот состанок:

Да се потрудите

Мажите се почесто забораваат колку е важен првиот впечаток. Секако дека не треба на првиот состанок да се појавите во смокинг и цвеќе, но ако сте уредни, убаво мирисате и убаво се однесувате, имате повеќе шанси да ја освоите.

Да бидете пристојни

Деталите ја прават разликата, а ако покажете убави манири тоа сигурно ќе ја воодушеви девојката со која сте излегле. За жал, многу мажи не само што не покажуваат добро воспитување, туку мислат и дека ако се однесуваат како „лоши момци“ ќе бидат попривлечни. Е па имаме новости за вас: можеби во теорија тоа звучи убаво, но во реалноста девојките сакаат пристојни и воспитани машки кои во себе имаат искра на бунтовништво. Жените паѓаат на тој баланс.

Комплименти

Секоја жена сака да слушне комплимент, дури и оние кои велат дека не сакаат. Секако, во умерени количини. Најбезбедно е да дадете комплимент за некоја нејзина карактеристика која сте ја забележиле.

Заинтересираност

Жените сакаат да знаат дека ги слушате и дека се интересирате за она што го зборуваат. Во модерниот свет ова е вистинска реткост. Наместо да се концентрирате на целта или на она што би можело да се случи, уживајте во сегашниот момент и навистина учествувајте во разговорот.

Отвореност

Ако сакате да ја видите повторно, кажете и го тоа. Мажите кои чекаат неколку денови за повторно да се јават или се обидуваат да бидат мистериозни, дефинитивно не се интересни. Модерните времиња наметнуваат брзо темпо на живот. Жените немаат време да се занимаваат со незрели љубовни игри, ниту пак сакаат дополнителни главоболки во животот. Ако не сте заинтересирани или не знаете што сакате, не и го трошете времето.