Што не е љубов?

Љубовта е милион различни мали и големи нешта, но таа не е ова.

Љубовта не е пат. Таа не е чист пат со крајна дестинација. Таа не е брз автопат. Таа не може да се споредува со улицата, со светлата кои светат црвено, а потоа зелено. Таа не е пат, таа е возење.

Љубовта не е куп барања. Таа не е постојано барање нешто од другата личност. Таа не е постојана желба другата личност да ги исполни вашите потреби. Таа не е постојано потреба да ја смениме другата личност. Таа не е креирање универзум кој се врти околу вас. Љубовта е флуд. Љубовта  е баланс и компромис.

Љубовта не е нетрпеливост. Таа е несебична. Таа не брзање, ниту пак распоред на емоции, очекувања и односи. Љубовта е трпение и доверба.

Љубовта не е совршеност .  Таа е се освен совршеност. Таа е лудило, страв од непознатото. Таа е хаос и убава неразумност.

Љубовта не е статична. Таа понекогаш е нежна, понекогаш гласна. Поенкогаш ја исполнува целата просторија со присуство, а понекогаш се крие во сенките и се разменува со најмалиот допир. Таа не останува иста, ниту пак на исто место. Таа постојано станува нешто.

Љубовта не е ограничена. Таа не е ограничена од возраст или пол. Ниту пак од раса или ориентација. Од маж или жена. Ниту пак од потреба, страст или желба. Љубовта не е услов или време или растојание.

Љубовта не е едноставна. Таа е комплицирана. Се состои од збир од емоции и моменти. Таа е смс пораки, повици, измешани сигнали, страв измешан со смеа и бакнежи измешани со желба.