Што навистина значи да се сакаме себеси?

Љубовта кон самите себеси, односно грижата за себеси, не значи дека постојано треба да се разгалуваме и да си го дозволуваме секое задоволство. Понекогаш, за сопственото добро, потребно е да се скрати или одложи одредено задоволство.

Сетете се на децата! Сигурно го сакате вашето дете, но не му дозволувате сѐ и сешто, туку со нежна дисциплина го насочувате и нема да му дозволите да се прејаде слатки пред ручек или да почне да учи баш ноќта пред контролен тест.

Како возрасни, ние знаеме дека тие навики не водат кон здрав, продуктивен и исполнет живот и баш поради нашата љубов кон нашето дете, ние се обидуваме да го поправиме, санкционираме или пренасочиме таквото однесување.

За оптимален развој на детето, потребни се љубов, топлина, поддршка, разбирање, но и дисциплина во вид на нежно и истрајно поставување граници, а ништо не е поинаку ни во подоцнежното животна доба – во нашиот однос кон самите себеси.  

Затоа, следниот пат кога со тешко срце ќе станете рано за да одите на тренинг, или кога едвај ќе се воздржите да не ја отворите кесичката со чипс, или кога ќе го затворите Фејсбукот за да работите на вашиот извештај чиј рок опасно се наближува, или кога ќе седнете да учите за испит и кога ќе ви дојде она ужасно чувство на неудобност, фрустрација, желба за откажување и желба да удирате со рацете и нозете по подот како да имате две години, потсетете се на тоа дека со самодисциплината, вие не само што не се мачите и малтретирате себеси, туку баш со таквите гестови си докажувате дека се сакате самите себе.

„Јас не се мачам себеси, јас на овој начин всушност се сакам себеси.“

Со ваков поглед на работите, па и со мала мантра која можеме да ја усвоиме и да ја повторуваме, целиот процес на самодисциплина ми ни бил многу полесен.

Морган Скот Пек