Што навистина има во цигарите?!

Освен тутун, цигарите во просек содржат повеќе од 4.000 разни хемикалии, откри најновото истражување на американскиот портал Smoke Free Forsyth.

Многу од овие хемикалии се слични на токсичен отпад. Составен дел на цигарите се и амонијак, оцет, ацетон, радиоактивен полониум, формалдехид и арсен кои се користи како отров за глувци.

Исто така, содржат и бутан кој се користи како гориво за запалки и во големи дози може да биде отровен.

– Проблемот со цигарите е што покрај тутунот содржат и стотици други хемикалии. Нивното согорување остава сериозни последици врз здравјето на човекот– изјави докторот Луз Клаудио.

Најмалку 69 од овие хемикалии предизвикуваат рак, предупредува американското здружение за здрави бели дробови.

Состојки во цигарите:

Ацетон – отстранувач на лак за нокти
Амонијак – составен дел од средствата за чистење домаќинство
Арсен – дел од отров за глувци
Бензен – се користи во изработка на бои и синтетички каучук
Бутан – течност за запалки
Јаглерод моноксид – отровен гас
Кадмиум – се користи кај батериите
ДДТ или дихлоро – дифенил – Инсектицид
Етил фуорат – предизвикува оштетување на црниот дроб кај животните
Формалдехид – се користи за одржување на мртви животни
Хидразин –  составен дел на ракетно гориво
Водород цијанид – составен дел од отров за глувци
Малтит – засладувач за дијабетичари
Метил изоцијанат – неговото случајно испуштање во 1984 уби  2.000 луѓе во Бопал во Индија
Нафталин – составен дел на бојата и инсектицид
Никотин – отров за убивање лебарки
Полониум – радиоактивен елемент кој има канцерогени својства

Дали после овој текст ќе имате желба да запалите нова цигара?