Секоја година носи и радост и тага, но на крајот на годината секогаш се надеваме дека следната ќе биде многу посреќна и поуспешна. Сепак, на крајот на годината корисно е да се потсетиме на нештата кои ги научивме во нашите најтешки моменти.

  1. Уживајте во моментот, бидејќи истиот момент веќе нема да се повтори никогаш.
  2. Пуштете ги нештата да се одвиваат по својот тек, да се развиваат сами од себе.
  3. Не можете секогаш да ги имате сите одговори, не можете да знаете сѐ за вашите желби, соништа, цели.
  4. Бидете почесто со вашите родители, прегрнувајте ги почесто свои браќа и сестри. Тие се оние кои секогаш се на ваша страна.
  5. Не ја барајте својата среќа во другите луѓе.
  6. Не можете да контролирате што луѓето мислат или зборуваат за вас, но можете да контролирате како тоа влијае на вас.
  7. Сѐ е избор и секогаш останува на самите вас да ја донесете одлуката.
  8. Отворете им се на луѓето. Нивна грешка е ако го злоупотребат тоа.
  9. Вашиот ум има огромна моќ да ве направи среќни/несреќни.  Ваш избор е како ќе управувате со вашите мисли.
  10. Луѓето се некогаш многу кратко во нашиот живот. Треба да ги цениме и уживаме во секој миг со нив.