Да, сите знаеме дека не треба да ги судиме луѓето од прва, но тоа некако е наша главна каратеристика. Колку и да сакаме да се убедуваме во спротивното, првите впечатоци се навистина важни.

Според многу истражувања, луѓето во рок од една до две секунди одлучуваат дали некому можат да веруваат или не. Но и покрај ова, луѓето не се баш добри при брзи процени на луѓе.

Според психологот Лесли Зебровиц, луѓето ве проценуваат според 4 главни карактеристики на лицето. Според нејзиното истражување ова се четирите клучни точки:

„Бебешко лице“

Луѓето кои имаат т.н „бебешко лице“ најчесто имаат големи очи, кратка брада, округло лице и високо чело. Луѓето со „бебешко лице“ прават другите да бидат пољубезни со нив, а причината поради тоа е еволуциска, едноставно луѓето паѓаат на детска невиност, а на тоа ги асоцираат луѓето со „бебешко лице“.

Хм... познат/а ми е од некаде

Луѓето го сакаат она што им е познато, па кога ќе видат некој што им личи на некого или некој што мислат дека им е познат од некаде – автоматски се предодредени да имаат позитивно мислење за човекот. Ова дури им се случува и на бебињата.

Здрав изглед

Има генерален непишан договор за тоа кои делови од лицето ги сметаме за најпривлечни, а здравите луѓе се привлечни. Кога ќе видиме лице кое делува здраво и негувано, ние веднаш гледаме некој кој е допадлив, интелигентен и способен.

Емотивната сличност

Луѓето генерално се прилично добри во читање на емотивните изрази на лицето, па затоа при нашата процена на луѓето ние ги вклучуваме и изразите на лицето на човекот. На пример, збрчкани веѓи ќе направат човек да делува луто. Раширени усни ќе направат човек да изгледа среќно, без оглед на тоа како се чувствува.