Зошто да се замарате со вежбањето? Кој има толку време да оди пешки? Зошто да се мачите со вежбањето кога не сакате да ослабете?

Бенефитите од редовното вежбање се многу поголеми отколку што мислите и тие не носат само намалување на килограмите.

Го намалува холестеролот

Нередовната физичка активност и лошата исхрана придонесуваат за зголемување на нивото на лошиот холестерол, а опаѓање на нивото на добриот холестерол. На тој начин, крвните садови се многу помалку заштитени, што може да донесе до различни заболувања, па и срцев удар. Најдобриот начин за зголемување на добриот холестерол е вежбањето, додека пак за намалување на лошиот холестерол треба да се внимава на исхраната.

Се намалуваат триглицеридите

Триглицерите претставуваат вид масти кои укажуваат на развивање атеросклероза, која е предизвикана со акумулирањето на лошиот холестерол на внатрешната страна на крвните садови. Нивото на триглицеридите се  ниско кај оние луѓе кои редовно вежбаат.

Го смалува ризикот од покачување на крвниот притисок

Со зголемување на крвниот притисок се зголемува и ризикот од срцеви и мозочни удари. За жал, со текот на годините крвниот притисок расте и затоа физичката активност е важна за сите генерации. Колку луѓето се поактивни, толку нивниот крвен притисок е порегулиран, дури и во староста.

Поздрави крвни садови

Многу крвни садови се еластични, а пушењето, холестеролот и старееењето предизвикуваат до намалување на нивната еластичност. Еластичноста е важна бидејќи нејзината намаленост предизвикува зголемен ризик за развој на многу срцеви заболувања. Со редовното вежбање, крвните садови се собираат и шират во зависност од оптеретувањето, а така се одржува нивната еластичност.

Се намалува ризикот за рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево е сè почесто присутен кај машката популација и станува еден од водечките видови рак. Се смета дека во 80% од случаите, тој би можел да се спречи. При тоа, се препорачува физичка активност  и исхрана богата со природни влакна.