Што може да купите со 50 денари?

Реално со  железната монета од 50 денари, многу малку работи можат да се набават за овие пари во Македонија. Интересно е да се види што може за толку пари да се купи во различни градови во светот.

1.Скопје, Македонија

Доколку некој Американец би се нашол во Скопје со толку пари во џебот, најверојатно ќе биде изненаден дека со нив ќе може да купи не една, туку две векни леб! Исто толку чини и литар млеко, половина килограм лимони, но и два килограми компири – па нашиот измислен американски турист за помалку пари отколку што троши за да купи килограм ориз (3,78 долари за килограм или приближно 220 денари, на пример во Чикаго, според податоците од сајтот Cost of living) би можел да живее дури два дена, а притоа да пие лимонада!

2.Берлин, Германија

Германците за 50 денари (0,8 евра) можат да се почестат пола литар пиво, доколку го купат во продавница, или ако станува збор за домашно производство. За таа сума можат да набават и шест јајца или половина килограм ориз. За 50 денари, Германците можат да купат и две шишиња од литар и половина вода, но во кафуле не можат да нарачаат ниту половина шолја кафе.

3.Њујорк, САД

Њујорчаните за 0,90 долари, колку што чинат 50 денари, не можат буквално ништо да купат. Не е тајна дека Њујорк е еден од најскапите градови во светот, но тоа ќе можете да го разберете откако ќе сфатите дека за тие пари единствено ќе можете да набавите половина главица залена салата! Всушност, овие пари нема да ви се доволни ниту за половина карта за превоз во една насока – но затоа пак, ќе можете да си дозволите литар и пол гориво!

4. Пекинг, Кина

Главниот град на Кина е доста поповолен, па за шест јуани, што се еквивалент за 50 денари, можете да се напиете големо пиво во некое кафуле. Да, од пола литар! Продавниците сепак се малку поскапи, па за овие пари можете да купите половина литар млеко или 400 грама јаболка. Изгледа дека во Кина не е исплатливо да се биде „пивопиец“!