Расправиите и конфликтите се составен дел од секоја врска, но понекогаш некои караници ги надминуваат границите и стануваат премногу жестоки, при што се кажуваат ужасни зборови, некоаш и навреди.

Доколку и вие проаѓате нив ваков период и сакате да ги смирите односите, прочитајте ги советите на експертите за врски и држете се до упатството:

*Дистанцирајте се малку

За да можете и двајцата да се смирите и да ги оладите главите, неколку дена бидете еден без друг. Така, следниот пат кога ќе се сретнте, ќе бидете прибрани и ќе можете рационално да разговарате за она што ја предизвикало кавгата.

* Извинете се

Анализирајте ги сопствените постапки, без да си наоѓате изговори самите за себе и кога ќе сфатите каде сте погрешиле, извинете се. Не го правете тоа за нешто за кое искрено не ти е жал, затоа што ако сте го рекле она што навистина сте го мислеле, кога-тогаш повторно ќе го направите. Во тој случај извинувањето е неоправдано.

* Простете

Ако партнерот ви се извини, прифатете го тоа и простете. Така и двајцата ќе се чувствувате подобро. Но, повлечете линија и објаснете зошто тоа не смее да се повторува, за да не го злопотребува простувањето во наредна прилика.